Карпа падна врз автобус со 90 ученици кои се враќале од екскурзија – тешка несреќа во Црна Гора

t

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Црна Гора, откако автобус со околу 90 ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа на магистралниот пат Мојковац – Колашин.

Несреќата се случила околу 20:35 часот во местото Штитаричка Ријека. Според првичните информации, се претпоставува дека од ридот се одрониле камења на коловозот, по што возачот се обидел да го избегне одронот, но со предниот десен дел од автобусот удрил во карпа.

Во несреќата тешко е повреден водачот на патувањето, додека уште четири лица се здобиле со полесни повреди, меѓу кои и тројца ученици од основното училиште „Павле Ровински“ од Подгорица.

Според информациите на „Вијести“, тешко повредениот се здобил со скршеница на карлицата и пршлен на ‘рбетот, поради што било одлучено итно да биде пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Повредените првично биле транспортирани во болницата во Бијело Поле.

Во автобусот имало околу 90 ученици. Дел од децата по несреќата биле пренесени кон Подгорица со возила на приватни превозници, додека за останатите бил испратен друг автобус од агенцијата што ја организирала екскурзијата. Неколку родители пристигнале на местото и лично ги презеле своите деца.

https://3d04793a24409179e163e70d06e7b10b.safeframe.googlesyndication.com/safeframe/1-0-45/html/container.html

Возачот бил алкотестиран и, според неофицијалните информации од полицијата, не бил под дејство на алкохол.

https://3d04793a24409179e163e70d06e7b10b.safeframe.googlesyndication.com/safeframe/1-0-45/html/container.html

За несреќата е известен и надлежниот државен обвинител во Бијело Поле, а се утврдуваат сите околности под кои дошло до ударот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…