Касами „леташе орли“ на Сицилија: Ни трага, и глас од македонското знаме – Имаат ли Македонците во Тетово градоначалник?!

t

Градоначалникот на Тетово е во посета на Сицилија. Еден од лидерите на Влен на овој италијански остров ги посетил  спомениците на Арбереш.

При тоа не заборави и да „лета орли“ со градоначалникот Росарио Пета.

– Денеска имав чест да ги посетам арберските храмови на Сицилија, несекојдневно искуство.
При оваа посета запознав луѓе кои ги одржуваат живи нашите традиции и култура, меѓу кои ја издвојувам средбата со градоначалникот на Хора е Арбереше, Росарио Пета. Тоа е инспиративен пример за зачувување на нашето национално наследство. Посебен ден кој долго ќе ми остане во сеќавање! – напиша Касами на Фејсбук.

Македонското знаме повторно го нема никаде, а на фотографиите може да се забележи само албанското знаме, иако Касами би требало да користи само македонско знаме, бидејќи доаѓа во официјална посета како функционер од Македонија. Дополнително, на фотографиите има само албански носии, па се поставува прашањето дали постојат Македонци во Тетово и дали имаат свој претставник во локалната власт, или Касами е градоначалник само за Албанците?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…

Сојуз на борци од Тетово: Не смее…

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…