Каталонски медиум го пресели Столе Димитриевски во Реал Мадрид
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, летово како слободен фудбалер потпиша за Валенсија, но постои сериозна шанса сезоната да не ја почне во дресот на овој шпански прволигаш, откако управата на „лилјаците“ се уште не успева да го продаде досега стартниот чувар на мрежата, Гиорги Мамардашвили (Грузија).
Поради ова, Македонецот има клаузула вредна три милиони евра да си замине од „Месталја“ уште летово, што го прави приблечна опција дури и за – Реал Мадрид. Медиумите од Каталонија денеска објавија текст со многу математики поради можното заминување на украинскиот голман Лунин од „Сантијаго Бернабе“, спомнувајќи го и нашиот Димитриевски како една од опциите за негова замена. Искуството и малата откупна цена го прават македонскиот чувар на мрежата како квалитетна резервна опција за „кралевите“ со оглед што местото прв голман на стартот ќе биде загарантирано за Белгиецот Тибо Куртоа.
Македонецот, според овој медиум, во моментов е втора најдобра опција за Реал Мадрид, по Кепа Аризабалага, кој е под договор со Челси, но кој сака да дојде во шпанската престолнина. Тој бранеше за шампионот во Ла Лига во минатата сезона и тоа како позајмен фудбалер, а сега сака тоа да го направи перманентно. За остварување на неговите планови проблем може да биде сумата што ќе ја бара Челси, а што може да биде шанса за Димитриевски да влезе во игра за трансферот на кариерата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…
Навистина е непристојно една земја членка на…
Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…
Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…
На вториот круг на локалните избори во…
Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…
Полициска акција на повеќе од 10 локации…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…