Катастрофална прогноза од директорката на ММФ: Глобалната економија ќе стане очајна

t

Среднорочните изгледи за глобалната економија најверојатно ќе останат слаби поради зголемените ризици за финансиската стабилност, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Очекуваме 2023 година да биде уште една година на предизвици , со забавување на глобалниот раст на помалку од три проценти, бидејќи лузните од пандемијата, војната во Украина и заострувањето на монетарната политика тежат врз економската активност, рече Георгиева на конференција во Кина.

Таа истакна дека и со подобри изгледи за 2024 година, глобалниот раст ќе остане далеку под историскиот просек од 3,8 отсто, пренесува Политико.

Според неа, очигледно е дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени , бидејќи во време на повисоки нивоа на долг, брзата транзиција од подолг период на ниски каматни стапки кон многу повисоки стапки, неопходни за борба против инфлацијата, неминовно создава стрес и ранливост, за што сведочат неодамнешните настани во банкарскиот сектор на некои напредни економии.

Георгиева изјави дека креаторите на политиката имале решителен одговор на заканите за финансиската стабилност, што донекаде помогнало да се намали стресот на пазарот, но предупреди дека неизвесноста е сè уште висока, што ја нагласува потребата од претпазливост.

Шефицата на ММФ, исто така, укажа на ризиците од гео-економска фрагментација, што според неа „може да значи поделба на светот на ривалски економски блокови“, што би било опасна поделба што ќе ги остави сите посиромашни и помалку безбедни.

Кога ќе се земат предвид сите овие фактори, може да се заклучи дека изгледите за глобалната економија на среден рок веројатно ќе останат слаби, рече Георгиева.

За среќа, додаде таа, не се сите вести за светската економија лоши, бидејќи можеме да видиме некои „зелени пука“, вклучително и Кина, која ќе зазема околу една третина од светскиот раст оваа година.

Георгиева зборуваше за време на вториот ден од Форумот за развој на Кина во Пекинг. Тридневниот годишен состанок е мешавина од политика и бизнис, на кој се собираат членовите на кинеското Политбиро и десетици извршни директори од големите западни компании како Сименс, Мерцедес и Алијанц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Никој не може да нѐ запре

Никакви ограничувања не можат да го запрат…

Германската економија ќе забави без зелена транзиција

Неизвесноста околу распределбата на фондовите ја влоши…

Можеме да здивнеме? ЕВН Хоум ќе ја…

Од следната година по истите формули што…

Путин: Западните политики ја ставаат глобалната економија…

Масовното печатење пари ја зголемува инфлацијата и…

Груевски сподели уште еден проект: Создавање на…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели…