Катастрофално е за тебе и за Србија ако не дојдеш на Самитот на ЕУ, му порача Рама на Вучиќ

t

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека нема да учествува на Самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан, што на 6 декември ќе се одржи во Тирана, јави АБЦ њуз.  

– Учеството на Самитот е единствениот пат што го има Вучиќ, бидејќи во спротивно тоа би било катастрофално за него и за Србија, истакна Рама. 

Тој нагласил дека единствениот што нема да биде дел од Самитот е премиерот на Шпанија, бидејќи неговата земја го одбележува Денот на Уставот. 

– Само премиерот на Шпанија нема да присуствува. Ми испрати писмено објаснување. Шпанија го одбележува Денот на Уставот и тоа е ден од големо значење. Ги знаете и внатрешните тензии во Шпанија. Неговото писмо е поткрепено и доволно за неможноста за учество. Другите ќе бидат присутни, доде Рама.  

Во однос на одржувањето на Самитот и најавениот протест на опозицијата, тој е оптимист дека на 6 декември нема да има инциденти бидејќи „Самитот е организиран подолго време и се преземени сите мерки од Албанија и европските организатори”.  

Рама ја обвини опозицијата и Сали Бериша, велејќи дека „протестот на 6 декември е апсурден, а Бериша протестира за свои интереси”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…

Европската комисија претстави нови насоки со кои…

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…