Катастрофа: Штетите од разорниот земјотрес во Турција се проценуваат на 84 милијарди долари
Штетата од разорниот земјотрес, најсилен во Турција во речиси еден век се проценува на повеќе од 84 милијарди долари. Ова го соопшти турска бизнис групација, цитирана од Ројтерс.
Во извештајот на Конфедерацијата на турски претприемачи и бизнисмени (ТУРКОНФЕД) се вели дека штетата изнесува 84,1 милијарди долари – 70,8 милијарди долари за поправки на стотици илјади домови, 10,4 милијарди долари изгубен национален приход и 2,9 милијарди долари од загуба на работни денови.
Главните трошоци ќе бидат поврзани со обнова на станови, инфраструктура, како и задоволување на краткорочните, среднорочни и долгорочни потреби за засолништа на стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата, се вели во документот. Околу 13,4 милиони луѓе живеат во десетте окрузи погодени од минатонеделните потреси, што е еднакво на околу 15 отсто од целото население. Регионот произведува речиси 10% од националниот БДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…