Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст
Екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделата си замина дома, го напушти затворот, објави „СДК.мк“.
„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјавил директорот на затворот „Идризово“ – Зоран Јовановски.
Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди 7-годишната затворска казна на Јанева, во која се пресметува и времето поминато во притвор од над 1 година.
Јанева беше осудена за земање мито од наводно неколку илјади евра, кои никогаш јасно не се докажаа.
По апсењето на Јанева, СЈО се затвори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…
При претрес на затвореник во Идризово најдена…
Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…
Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши…
Еден затвореник е повреден во тепачка со…
Во амбулантното одделение во Затвор-Идризово пронајдени четири…
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје,…
Стразбур донесе одлука во корист на затвореник…
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и…