Кац: Израел му поставува ултиматум на Хамас
Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац, изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.
Во објавата на социјалните мрежи, Кац рече дека „нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“.
Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, OCHA, денеска објави дека илјада домови се срамнети со земја во израелското бомбардирање на Газа од почетокот на одмаздата за нападот на Хамас врз Израел во саботата и дека многу жители на палестинската територија се соочуваат со недостиг на вода, гориво и медицински материјали.
Уште 560 станбени единици, како што се наведува, биле тешко оштетени и не може да се живее. Во израелските воздушни напади беа оштетени повеќе од 12.600 домови.
Агенцијата, исто така, објави дека 13 болници во малата, густо населена енклава се само делумно функционални поради големиот недостиг на гориво и медицински материјали.
Ограничувањето на снабдувањето со вода поради израелската опсада на Газа резултираше со недостиг на повеќе од 650 илјади од вкупното население од 2,3 милиони.
Системите за канализација се уништени, поради што канализацијата се излева на улиците и претставува опасност по здравјето, додаде OCHA.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…