Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија: Груевски објави дел од националните позиции на Рацин

t

Поранешниот преммиер Никола Груевски денеска на Фејсбук во чест на 114-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Кочо Рацин, објави низа негови дела.

– Понекогаш во приватни разговори со добри познавачи на македонската поезија сум водел дебати околу тоа кој е најдобар македонски поет на сите времиња.

Не е лесно да се одговори бидејќи имаме повеќе вонсериски талентирани поети, дел од нив починати, дел сеуште меѓу живите.

Не е лесно да се се каже кој е најдобриот помеѓу Кочо Рацин, Никола Јонков Вапцаров, Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М.Андреевски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски и плејада други познати поети.

Неодамна ја прелистував и се потсеќав на нивните дела книгата издадена од Раде Сиљан “Современа македонска поезија”, издадена во 2018 година од неговата издавачка куќа Матица каде на околу 300 страници се застапени по неколку песни од вкупно 25 автори, кои самиот тој како еден од најдобрите познавачи на оваа свера, писател, поет, публицисти, издавач и литературен критичар ги селекторал, и читајќи си помислив дека навистина конкуренцијата е огромна а поезијата инспиративна.

Сепак ако се состави некој потесен избор од три најталентирани помеѓу најталентираните, се чини дека неминовно е Коста Солев Рацин (1908-1943) да биде дел од тоа несекојдневно друштво.

Неверојатна комбинација на многу мал број одбрани и до перфекционизам синхронизирани зборови и мисла ставени на хартија, како најмилизвучна музичка композиција во која се ужива со затворени очи.

Неверојатен талент!

На страна што е безвременски, туку неговата поезија е привлечна да се препрочитува повторно и повторно и никогаш не станува здодевна, напротив при секое наредно читање, восхитот расте.

А човекот бил безмалку самоук. Тоа не значи дека не се образувал, напротив, но од аспект на формално образование, далеку повеќе се образувал како самоук, самиот читајќи од него одбрана литература, проучувајќи, анализирајќи, пишувајќи не само поезија, туку и проза, филозофија, историја, литературна критика итн.

Кочо Рацин има бурна и несекојдневна историја испреплетена помеѓу пишувањето, вљубеноста во неговата сакана Рахилка Фирфова Раца, идеологијата која го води низ животот и политичкиот активизам, синдикализмот, неговата но и севкупна социјална положба во сиромашното општество во кое не се почитуваат работничките права, политиката и континуираниот и бурен политичкиот активизам, герилата односно приклучувањеро на партизаните, повеќекратните затворања од различни власти, како југословенските, така и бугарските и германските, филозофојата, особено она на Хегел, и сето тоа е испреплетено и голема инспирација на неговите песни и поезија, во кои може да се каже дека доминира социјалната и класната димензија, но не мал е уделот и неможе да се занемари и неговата силна национална и про-македонска поезија и проза, љубовна поезија итн.

Несомнен македонски патриот, бунтовник кој имал многу цврст став по прашањата на кои бил посветен како на мисија и силен личен интегритет што довело да се спротистави и да влезе во конфликт со многу автотитети во киомунистичката партија и во општеството, идеолошки комунист но и исклучувам и деградиран од комунисточката партија, па дури и бојкотиран, па потоа до некаде рехабилитиран, и на крајот ликвидиран од неговите другари партизани, според некои случајно и по грешка, според други со намера заради премногу силни про-македонски ставови преточени и во неговите дела но и во секојдневниот политички активизам кој мошне бурно и активно го живеел.

Но да не навлегувам длабоко во бурната биографија и животот на овој вонсериски талент, виртуоз во поезијата и вистински “маестро”на пишаниот збор кој не се сместува само во врвот на македонската поезија туку и во врвот на југословенската поезија додека Македонија беше дел од Југославија, на овој ден на кој тој е роден, овој славен лик од нашата историја кој уште во 1939 година во Загреб ја има издадено неговата најпозната стихозбирка Бели Мугри на макеоднски јазик цели шест години пред да се добие државност и да се кодифицира макеоднскиот јазик ќто е директна негација на тезата на некои наши соседи дека макеоднскиот јазик се создал со сила и политички одлуки по август 1944 година и кому независно на различните идеолошки погледи за време на владеењето кога јас ја предводев владата на Република Макеоднија, освен оној споменик што се постави во Велес Коста Солев Рацин доби и статуа на мостот на македонските великани во уметноста во строгиот центар на Скопје, неговиот лик може да се види и во музејот на Македонската борба за слобода и независност, се снимаше и игран филм и документарен филм за него финасиски подржани од владата и мноштво други печатени изданија, публикации, настани организирани во негова чест и афирмација, итн. Кога станува збор за таков поетски виртуоз и така голем македонски патриот кој на крајот најверојатно и завршува како жртва на своите силни македонски патриотски позиции, едноставно идеолошките разлики исчезнуваат и стануваат неважни.

На крајот по неколку стихови од неколку негови песни:

КОПАЧИТЕ

Се к’ти ноќта црна!

Се рути карпа мрак!

И петли в село пеат

и зората се зори –

над карпа в крв се мие

и темнината пие силно светнал ден!…

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

На кантар студен со туч го мерат

а можат ли да го измерат,

Нашиот тутун – нашава мака

нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни

до никоја доба на вечери зимни

тој гладно пие тагата нашав

и потта и крвта и снагата ни.

Жолт – жолти прави лицата бледни

и жолта гостинка у градите носи…

ЛЕНКА

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол –

лицето и се измени

веѓи паднала надолу

и усти свиа кораво.

Не беше Ленка родена

за тиа пусти тутуни!

Тутуни – жолти отрови

за гради – китки розови.

Прва година помина

грутка в срцето и легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата…

ДЕНОВИ

Како на вратот ѓердани

ниски камења студени,

така на плешки денови

легнале та натежнале.

Денови ли се – денови

аргатски маки големи!

Стани си утре порано

дојди си вечер подоцна,

наутро радост понеси

навечер тага донеси-

ај, пусти да е, пуст да би

останал живот кучешки!

Роди се човек – роб биди

роди се човек – скот умри,

скотски цел живот работи

за други, туѓи имоти…

ПЕЧАЛ

Нема ли живот, нема ли

љубов за живот голема

љубов за живот човечна

у виа гради аргатски?

Нема ли срце, нема ли

срце – на срца срцето,

срце – ширини широко

срце – длабини длабоко-

цел свет да збере, па да е

за виа гради малечко?…

ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ

Чернеј Горо, чернеј сестро!..

1.

Вчера си појдов, наминав

низ таја гора зелена

под тија буки високи

по килим сенки широки.

Одев со глава замаен

наведнат, мртов, зачмаен,

одев со грутка на срце

и каракамен на гради.

Деј гиди горо зелена!

Деј гиди водо студена!

Пилците пеат – ти плачеш,

сонцето грее – ти темнеш.

Ако ги криеш коските

на дели млади јунаци

тука што лежат по тебе

за тија темни дубрави –

зошто ги таеш песните?

Зошто по тебе дрвјата

и на дрвјата гранките…

Дел и од националните позиции на Кочо Рацин:

… За мене е важно дека оваа земја се викала Македонија и дека извесни народи кои за таа земја оставиле спомен. Ние видовме како ниту Србија ниту Бугарија под Турците не се викале со денешното име, туку со некои општи имиња. Ние сега доаѓаме во време кога тие не се појавуваат кога кај народите се јавува ренесансата. Народот почнува да станува национално свесен. Тогаш настапува времето кога тие историски имиња се извлекуваат од ризницата на историјата. Србите го извлекуваат од својата историја она што го имале некогаш. Тоа истото го прават и Бугарите. Што прават нашите Македонци! Тоа го прават и тие! Во периодот на националната преродба кога доаѓа таканареченото граѓанство свесно за својата положба дека треба да создаде национална држава, тоа настапува под паролата на сплотување на народот, со намера да ја обнови својата некогашна стара држава…

…Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име како и српските и бугарските идеолози. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име. Мислам дека нашето македонско револуционерно движење под Турците го направило истото што го сториле, борејќи се, и Вашите Срби и Бугарите. Во тоа време се формирале овие две први држави и ја имаме нивната пропаганда, дека таа земја е нивна. Факт е дека на нашето знаме е запишано името Македонија. Вие веројатно помисливте дека е тоа влијание на туѓа пропаганда и во тоа е Вашата грешка. По тоа ја имаме борбата на македонскиот народ и борбата на Бугарите и Србите за превласт над оваа земја. Таа борба се водела за копањето на историската тапија. Се работело на тоа да се владее над овој народ. И Србите и Бугарите создадоа цели научни институти да го докажат правото да владеат над нашата земја. Македонците имаат нешто…

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…

(Видео) Груевски: Честитки за прогласувањето на Бошковски…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја…