Објавено на:

Кај нас кога вака? Чешкиот претседател казнет поради нецелосни информации за донаторите во кампањата

t

Новиот претседател на Чешка, Петр Павел, платил казна од 60.000 круни (околу 2,7 илјади долари) поради немање информации за спонзорите во неодамнешната кампања за претседателските избори, објави чешката телевизија.

-Претседателот Павел е казнет од Канцеларијата за надзор на економските активности на политичките партии со рекордна сума од 60.000 круни. Казната е изречена поради нецелосни информации за спонзори во претседателската кампања, им потврди на новинарите Јан Аутли, претставник на оваа Канцеларија.

Според него, податоците за некои спонзори на предизборниот фонд на Павел немале информации, на пример, за нивното место на живеење и датумите на раѓање, што најчесто недостига во овие документи.

„Ако имате 6.000 спонзори и сите тие треба да дадат информации како адреса и датум на раѓање, а еден од нив не ви ги даде, тогаш немаме начин да ги добиеме од тие луѓе… Немам проблем со тоа, затоа што таквите работи понекогаш едноставно се случуваат, коментира чешкиот претседател, кој веќе ја платил казната на 13 март.

Според Аутли, ова е прв патнеговиот оддел да изрече толку висока казна на физичко лице и обично само правните лица се казнуваат во такви износи.

Се уште не е познат обемот на донации со нецелосни податоци за донаторите. Според законот, износот на донираните суми на листата на спонзори не мора да биде објавен. Тие ќе бидат познати само од извештајот за финансирање на кампањата, а рокот за нивно поднесување е 2 мај, објави чешката телевизија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште една членка на НАТО остана без…

Помошта ќе продолжи, но на други начини,…

Москва ѝ се закани на Чешка: Ќе…

Одлуката на Чешка за замрзнување на руските…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Чешка министерка се срами поради ОН, бившиот…

Министерката за одбрана Јана Чернохова ги обвини…

(Видео) Чешки инфлуенсер фрли милион долари од…

Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил…