КЕШОТ СЕ ПОМАЛКУ ВО УПОТРЕБА: Употебата на платежни картички е зголемена за речиси 14% за една година

t

Податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2023 година покажуваат дека има тренд на раст во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози, информират од Народна банка.

„Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните во вториот квартал од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 13,9% кај бројот, при солиден раст од 12,5% и кај вредноста на овие трансакции. Притоа, значителен годишен раст од 16,6% е забележан кај употребата на картичките за плаќања производи и услуги во земјата, при засилен раст кај плаќањата на физичките места на продажба од 17,0 %, но и висок раст од 11,9% кај плаќања на виртуелните (интернет) продажни места“се наведува во соопштението од Народна банка.

Оттаму посочуваат дека плаќањата на граѓаните со платни налози во истиот период забележаа висок годишен раст од 19,2% кај вредноста и 4,8% кај бројот на остварените трансакции, при видлива натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Лавров по инцидентот со авионот на Зеленски:…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Трамп поделил големи бонуси за свои помошници,…

Претседателот на САД, Доналд Трамп им подари…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…