Објавено на:

Киев потврди дека украинските војници се повлекуваат од Суџа

t

Споредба на графиконот, објавен со денешниот извештај, со тој објавен претходниот ден покажува дека украинските војници се повлекуваат кон украинската граница.

Во извештајот само се наведува дека вчера имало 20 судири во регионот Курск, за кое време Русија извршила 19 воздушни напади, фрлила 28 бомби и истрелала 232 артилериски гранати.

Информациите дадени од завојуваните страни не можат да бидат проверени од независен извор, забележува ДПА.

Руското Министерство за одбрана пред два дена објави дека руските сили го повратиле градот што беше окупиран од украинските војници повеќе од седум месеци откако Украина во август ја префрли војната од своја на руска територија, во ненадејната офанзива по која окупираше делови од Курскиот регион.

Суџа се смета за најважното освојување на Украина во Русија.

Украина, поддржана од Западот, цели три години се брани од непредизвиканата целосна руска инвазија, потсетува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…