Киев: Русите помалку летаат над Украина откако нивните авиони беа соборени
Руските воздушни операции над источна Украина значително се намалија откако украинската противвоздушна одбрана неодамна собори неколку руски авиони, според Киев.
„Одбранбените системи на западните партнери имаат ефект“, ја цитира украинската Правда изјавата на портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат во Киев, пренесува ХИНА.
Според украинските извештаи, неколку руски борбени авиони Су-34 и Су-35 биле соборени над источна Украина во последните денови. Руската војска официјално не ја потврди загубата.
Пред само неколку дена Украина соопшти дека нејзините сили собориле руски извидувачки авион А-50. Во јануари Киев собори и скапоцен и многу редок авион што се користеше за надзор на воздушниот простор.
И покрај присуството на одбранбени системи на фронтот, Украина се жали на недостаток на дополнителни системи за заштита на нејзините поголеми градови. Неодамна, најмалку десет лица беа убиени во руски воздушен напад во текот на ноќта насочен кон украинскиот пристанишен град Одеса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…