Киеза: Играме клучен меч против Македонија, мора да победиме, ние сме – Италија!
Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза по паузата поради повреда се врати и во националниот тим, тој треба да биде еден од главните адути на Италија во престојните натпревари против Македонија и Украина.
Утрешниот натпревар против Македонија е од големо значење за Италија, која со Украина се бори за втората позиција на табелата.
На Италијанците не им оди со нас. Ние ги сопревме на патот кон Светското првенство откако ги победивме во Палермо, а дуелот од овие квалификации во Скопје заврши нерешено 1-1.
Тие два меча се опомена за нив дека мора да го дадат максимумот за да ја победат Македонија.
„Кога сте во националниот тим, со себе носите огромна одговорност, утрешниот меч против Македонија ќе биде фундаментален за нас. Многу сум среќен што сум тука, за жал не можев да играм на претходните натпревари, но сега сум среќен што ќе можам утре да му помогнам на тимот“, вели Киеза.
„Мора да се квалификуваме, ние сме Италија. Јасно ни е дека постои шанса за неуспех, како тој во Палермо, па мора да излеземе на теренот свесни дека за тоа. Овојпат сакаме да биде поинаку и да ја оствариме целта“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…