Кина ја оцени како „опасен сигнал“ изјавата на новиот тајвански претседател
Кинеската канцеларија за прашања за Тајван денеска објави дека новиот претседател на островската држава Лаи Чинг-те испратил „опасни“ сигнали кои ги поткопуваат мирот и стабилноста во регионот. Обраќајќи им се на толпата пред претседателската канцеларија во центарот на Тајпеј, Лаи повика на разговори со Кина, која го смета демократскиот остров за своја територија и не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го врати под своја контрола.
„Исто така, сакам да ја повикам Кина да престане политички и воено да го заплашува Тајван и да ја земе со себе глобалната одговорност за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот со цел да се обезбеди свет без страв од избувнување на војна” вели тој. „Сакам да му го кажам и ова на светот: Тајван не прави отстапки по прашањето за демократијата и слободата. Мирот е единствената опција, а просперитетот е нашата цел за долгорочен мир и стабилност“.
Кинеската канцеларија за прашања на Тајван рече дека зборовите на Лаи „целосно ја откриле неговата вистинска природа како застапник на независноста на Тајван“, додавајќи дека ситуацијата во каналот што ги дели Кина и Тајван е „комплицирана и мрачна“. „Независноста на Тајван не е компатибилна со мирот во Тајванскиот теснец“, се вели во соопштението.
„Колку и да се менува ситуацијата на островот, кој и да е на власт, тоа нема да го промени фактот дека и двете страни припаѓаат на иста Кина“, се заклучува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…