Кинескиот амбасадор во Русија: Посетата на Путин на Кина – манифест за зачувување на мирот
Претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина ќе биде важна пресвртница во билатералните односи и манифест за зачувување на мирот, изјави кинескиот амбасадор во Русија, Џанг Ханхуи, во интервју објавено во новиот број на списанието „Еуразимут“.
„Ова е манифест на една ера за зачувување на мирот и напредокот на човештвото, доказ за продолжување на традиционалното пријателство меѓу нашите народи, важна можност да се извлечат поуки од минатото и да се создаде подобра иднина, што има далекусежно значење.
Овој настан несомнено ќе стане важна пресвртница во аналите на билатералните односи“, нагласи кинескиот амбасадор. За потсетување, самитот на ШОС ќе се одржи во Тјенџин, Кина, од 31 август до 1 септември. По самитот на ШОС, на плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 3 септември ќе се одржи воена парада за да се одбележи 80-годишнината од победата на Кина над милитаристичката Јапонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…
Српската полиција соопшти дека е уапсен таткото…
Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…
На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…
Тошковски на средба со новата британска амбасадорка:…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Цигарите треба да станат „изгор“ скапи, загрижува…
Цигарите треба да станат скапи и недостапни…
Мицкоски оствари средба со британската амбасадорка Маја…
Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со амбасадорката…