Кинтеро го доби назад загубеното време и триумфираше во првата етапа на Дакар
Сет Кинтеро од Тојота е победник на првата етапа во категоријата автомобили на најпрестижното светско рели натпреварувње, Дакар.
Најпрво победата замина кај Герлен Шишери од екипата на Мини, но организаторите решија дека триумфот треба да замине кај Кинтеро откако му го вратија загубеното време поради помошта за Лаја Санс, која во тие моменти доживеа несреќа.
За Кинтеро ова беше прва победа во генералниот пласман. Американецот минатата година се појави за првпат во класата „Ултимејт“, а на Дакар покажува знаци на одлична подготвеност. Трката ја започна дури од 26. позиција, но на крајот успеа да стигне до важен триумф на стартот.
Ова беше прва од вкупно четиринаесет превидени етапи на овогодинешното издание на на најпознатото светско рели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинец оди на судење во Хамбург во…
Судењето на еден украински државјанин за саботажата…
Чад над Скопје: Има пожар кај село…
Голем пожар на отворено попладнево избувна во…
Трамп го нападна Бајден поради Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД…
Мелони го собори рекордот на Берлускони: Има…
По 1413 дена, односно речиси четири години,…
Уапсени двајца 19-годишници кај Женската плажа во…
Ноќеска во 01:40 часот на брегот на…