КК Пелистер во новата сезона со нов тренер
КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот, а на тренерската позиција е назначен Тане Спасев. Тој се обврза на договор со Пелистер за една сезона и веќе започна со работа за формирање на ростерот за сезоната 2026/27.
Тренерот Спасев е роден е во Штип, а работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во Турк Телеком од Анкара и во Полска како предводник на тимовите Асеко Проком (Гдиња) и Легија Варшава. Беше дел од стручниот штаб на рускиот гигант Химки, како помошник на познатиот тренер Душко Ивановиќ. Во Битола доаѓа по последните активности во Романија како селектор на репрезентацијата до 20 години и во полски Лоѓ, каде беше тренер до март годинава.
За нов претседател е избран Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот клуб, а спортски директор е Предраг Созовски, кој во минатото исто така ги бранеше боите на клубот и како играч и како тренер. Исто така избран е нов борд на директори, кој ќе раководи со клубот, чиј единствен акционер останува Општина Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…
ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…
Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…
Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…
Изгубен планинар на Пелистер – во тек…
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во…
Успешна акција за спасување на планинар на…
По пријава на повредено лице од страна…