Клиника Жан Митрев: Инструиран процес и организирана хајка со повик за линч за неосновано обвинение
Денешното рочиште и условите во кои се обвива покажува дека против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение. Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината, соопштуваат од Клиниката.
„Ако процесот против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумцијата на невиност и зошто се води организирана хајка.
Презумцијата на невиност како во секој случај но посебно во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката, што извршува општо-корисна функција за граѓаните и грижа за нивното здравје треба да биде сериозно и бескомпромисно почитувана.
Досега се покажа дека обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.
И покрај сето тоа Клиника Жан Митрев и д-р Митрев, ја продолжуваат својата борба за правдата и за докажување невиност во овој инструиран процес и паралелно под целиот притисок продолжуваат да работат со своите пациенти, лекувањето и исполнување на својата хумана мисија“, додаваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…
Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…
Македонците кои живеаат во соседните држави, како…
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…