Ковачевски: Брзата реакција на Владата спрeчи ценовен шок, ќе нема ниту рecтрикции
Мандатарот за состав на новата Владата, кој е и актуелен заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, смета дека брзата реакција на Владата спречила ценовен шок на струјата откако беше одлучено таа да поскапи за 9,48 отсто. Тоа според Ковачевски е далеку под првичните прогнози за скок на цената од 25 отсто. Дополнително, нагласува мандатарот, ќе нема ниту рестрикции.
-Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните. Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9,48 отсто што е далеку под првичните прогнози од преку 25 отсто. Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година,напиша Ковачевски на Фејсбук.
Одлуката за новата цена на струјата денеска ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Покрај поскапувањето, од 1 јануари се укинува и евтината тарифа преку ден, додека ноќната и таа во недела остануваат.
Од Владата најавија дека граѓаните со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат и парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…