Ковачевски вели дека не добил најава од официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе
Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој апелираше чествувањето во црквата „Св.Спас“ да биде мирно и достоинствено и дека за тоа е задолжено Министерството за внатрешни работи.
– До овој момент од Кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе. Исто така, кажа и министерот за внатрешни – секој оној кој е добронамерен, официјална државна институција кои сакаат да се поклонат на гробот на великанот на македонската национална борба тука, во Скопје, на достоинствен начин, слободно може да го најават своето учество. Сите оние коишто се недобронамерни, коишто се провокатори, коишто го негираат македонскиот народ, коишто ја негираат македонската држава, коишто ги нарушуваат чувствата на Македонците и на другите граѓани тие нема да влезат во државата, рече Ковачевски.
Посочи дека согласно со заклучоците од Советот за безбедност кај претседателот на државата и согласно со одлуките на Владата, МВР е задолжено да обезбеди мирно и достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на, како што рече, најголемиот борец за независна македонска држава – Гоце Делчев.
– Согласно со тоа, согласно со закон и согласно со процедурите во МВР, министерот за внатрешни работи веќе во неколку наврати информираше дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел овој настан да помине достоинствено и во најмирна атмосфера. Тоа значи дека ќе бидат спроведени сите процедури коишто се согласно закон и согласно процедурите во МВР да оние коишто ќе положат цвеќе преку своите пријавени делегации тоа да можат да го направат на најдостоинствен начин – истакна претседателот на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…
Унгарската Национална служба за обновување и заштита…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…