Ковачевски ветува просечна плата од 1.000 евра во новиот мандат на СДСМ

t

Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра а ќе ги зголемиме и пензиите, порача вечерва од Струмица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат подобар животен стандард. Во новиот мандат пензиите ќе растат уште повеќе, рече Ковачевски.

Тој изјави дека мерките и политиките на СДСМ со коишто се покачиле платите и пензиите на историски највисоко ниво, но и успешно се заштитил стандардот на граѓаните во време на глобална криза.

-Успеавме, со креирање на соодветни мерки, да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и да ги заштитиме работните места. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата. Инфлацијата веќе е 3%, со месеци е на ниво како пред кризата, што значи нашите мерки дадоа резултат. СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања, рече Ковачевски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…