Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ сега е спремно да разговара за уставни измени – Сите партии да учествуваат во процесот
Уставните измени се прашања на процедура и штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура во која ќе учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда и низ една дискусија да се дојде до целта, односно Устав кој ќе соодветствува на најголемото мнозинство кое е застапено во парламентот, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Прашан за неговиот став за предлогот на неколку политички партии од албанскиот блок, односоно дали е прифатливо да се укине формулацијата 20 проценти од Уставот што, според нив, ќе било и услов за усвојување на уставните измени, Ковачевски рече дека добро е што се разговара за уставните измени, и добро е што веќе нема политичка партија која се противи на спроведувањето на уставните узмени.
На почетокот знаете дека имаше политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ кој по никоја цена не сакаше да разговара, меѓутоа сега имаат став во кој што е различен и велат „да“ може да се раговара со одредени услови, исто како и другите политички партии кои имаат исто свое гледање на Уставните измени, истакна Ковачевски на прес-конференцијата на која ги презентираше мерките за поддршка на стопанството и граѓаните.
Потенцираше дека на сите треба приоритет да им биде продолжување на патот до Европската Унија и тоа да биде приоритетот и за ова прашање, зошто почнуваат уставните измени, а тоа е, како што рече, што побргу затворање на скрининг фазата на преговотите и отворање на прговарачките поглавје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…