Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ може да станете лесно претседател на партија, со пишани делегати

t

Видов една изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Пендаровски можел да има со него тв соочување ама кога ќе станал претседател на СДСМ, но многу полесно се станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ со делегати пишани по список, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

-За да станете претседател на СДСМ треба да одите на гласање непосредно од страна на сите членови и јас сум избран со над 40 000 гласов. Додека во ВМРО-ДПМНЕ можете да станете претседател во сала во  Фолк Фест Валандово, со 400 делегати, ќе ви ги пишат во список, така да таму веројатно многу полесно се станува претседател на партија, рече Ковачевски.

Исто така слушнав една изјава која што се однесува на тоа дека некој мои паартиски другари кој што се спремале да ме заменат овде и тоа сакам да го прокоментирам бидејќи е дел од  јавниот дискурс и политичка дискурсија, доде тој.

-Прво, тие кој што ги споменуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од мене веќе изгубиле на изборите во СДСМ со над 35 000 гласови и затоа што ќе се случува во СДСМ после било кој конгрес кој што се редовни согласно  статут тоа одлучува членовите на партијата на непосредни гласови како што го нема ниту една друга политичка партија, рече Ковачевски. 

Она што јас можам да ви го кажам како наша политичка прогноза и реална прогноза според истражувањето на јавното мислење не она што го гледаме, веќе цела држава знае како се прави на Националниот сервис, е победа на претседателот Пендаровски во вториот круг на  претседателските избори и победа на коалицијата за европска иднина, формирање на нова проевропска влада на Македонија по парламентарните избори на 8ми мај, потенцираше претседателот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…

Кoвачевски: СДСМ не прифаќа никакви условувања и…

„СДСМ не прифаќа никакви условувања и со…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…