Ковачевски: Германија стои зад нас!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер и истакна дека Германија стои зад Македонија.
-Германија стои зад нас за следниот исчекор на патот кон членство во ЕУ. На денешната средба со германската амбасадорка Петра Дрекслер ги сумиравме впечатоците од минатонеделна успешна официјална посета на Берлин и ја пренесов пораката дека Владата и сите наши граѓани високо ја ценат поддршката од Сојузна Република Германија на демократските процеси во нашата земја, интеграцијата во Европската Унија и конкретно за спроведувањето на преговарачката рамка помеѓу Македонија и ЕУ.
Демократските политички субјекти во земјава се наоѓаат пред неповторлива шанса да се издигнат на ниво на државните интереси и во Собранието да бидат донесени потребните одлуки што ќе ги осигураат европските перспективи на граѓаните и на нашата земја.
Благодарност до Германија за огромното пријателство, како и за Резолуцијата усвоена од германскиот Бундестаг, со која што се изразува силна поддршка на европската интеграција на земјата и се оддава признание на македонската култура, јазик, идентитет. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Убиен 15-годишник со нож во Германија, полицијата…
Германската полиција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија…