Ковачевски го пушти во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин: Ги развиваме деловите од Македонија кои беа заборавени

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод официјалното пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Оваа патна делница, која е дел од Коридорот 8, е реконструирана во вкупна должина од 31.2 километри, а вкупната вредност на реконструкцијата изнесува околу 12 милиони евра.

Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за реализација на Коридорот 8 на патниот правец исток – запад. Вкупната должина на патната делница Куманово – Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години што значи дека во независна Република Македонија, во Република Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.

Истокот и североистокот, кои многу години беа заборавени, ги развиваме со модерна патна инфраструктура. Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија, ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен“, рече премиерот Ковачевски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми појасни дека реконструкцијата на делницата Куманово – Страцин се одвивала во две фази, а изведбата оцени дека е квалитетна.

Овој патен правец е од исклучителна важност, најнапред за граѓаните коишто гравитираат во овој регион и кои секојдневно отсега ќе можат да ги уживаат придобивките на една безбедна и сигурна модерна сообраќајница. А, потоа и за сите наши граѓани и патници, затоа што оваа патна делница економски, политички и општествено нѐ поврзува со соседна Република Бугарија.

Задоволството е уште поголемо и заради фактот што оваа делница е дел од Коридорот 8, со што слободно можам да констатирам дека успешно модернизиравме патна делница којашто е дел од европската коридорска патна мрежа“, рече директорот Рустеми, оценувајќи дека со овие активности, уште еднаш се демонстрира определбата на Владата и на Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на амбициозна програма за изградба, модернизација, реконструкција и рехабилитација на патната мрежа низ целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Ковачевски: Бевме воздржани за резолуцијата за Газа…

Одлуката за гласање на Резолуцијата на ОН…

Ковачевски: Изборите ги распишува претседателот на Собранието…

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница…