Ковачевски го честиташе Меѓународниот ден на студентите: Оваа Влада е ваш сојузник, студентите се иднината на државата
Премиерот Димитар Ковачевски го честиташе Меѓународниот ден на студентите преку објава на неговата Фејсбук страна.
– Честит Меѓународен ден на студентите, тие се иднината на државата.
Студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, предлози и да бидат вклучени во креирањето на политиките што ги засегаат нив, но и општеството.
Наша должност од друга страна е да ги почитуваме нивните ставови, да разговараме и да носиме мерки за подобрување на студентскиот стандард. Оваа Влада е сојузник на студентите, на иста маса отворено разговараме за сите проблеми и предлози, заеднички носиме решенија за секој предвизвик, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Студентите денеска го одбележаа денот со протестен марш каде уште еднаш ги истакнаа лошите образовни и студентски услови во кои живеат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…