Ковачевски: Датум за преговори на Македонија со ЕУ е безбедносно прашање за Балканот

t

Прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа, констатирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино.

На средбата, пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан на Ковачевски,  е истакнато традиционалното пријателство меѓу Македонија и Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности.

-Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан, наведуваат од владината прес-служба.

Ковачевски во тек на престојот на Ватикан и Рим ќе има аудиенција кај папата Франциск и ќе присуствува на молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“, а во работниот дел од посетата  се најавени средби со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги, како и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…