Ковачевски дециден: Имаме масло и за Албанија

t

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ „Сител“, истакна дека Владата уште од првиот ден на енергетската и економската криза, кога заради војната во Украина пораснаа цените на производите и земјите донесоа забрана за извозот со цел да се заштитат цените на резервите што ги имаат, ресорните министри разговараат со соседите и носат конкретни одлуки.

„Конкретно, трговијата се одвива преку приватните компании заради тоа што сите земји имаме либерално пазарно уредување. Ние имавме недостаток од нерафинирано масло, Србија имаше забрана за извоз на нерафинирано масло. Тие извезоа кај нас рафинирано, и ресорните министри од Владата со постојани контакти успеаја да обезбедат нерафинирано масло, суровини за нашите компании“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Албанија има проблем со рафинирано масло, а ние имаме и нема да се наруши пазарот во државата доколку им дадеме.

„Колку и да имате на залиха, тоа не ја спушта цената на маслото, бидејќи самите суровини од кои се произведува маслото се драматично пораснати на светскиот пазар“, посочи Ковачевски во врска со цената на маслото за јадење во „Тема на денот“ во вестите на „Сител“ ТВ каде се разговараше за најновите случувања.

Тој додаде дека економијата не треба да се политизира објаснувајќи дека секој оној кој што знае да се приклучи дневно на берзите, точно ќе види дека во моментот има константно високо ниво на енергенсите, односно на цената на нафтата, имаме историски највисоко ниво на електричната енергија и доколку се погледнат цените на житото, јачменот, сончогледот тогаш ќе се види дека тие цени се драматично поголеми во однос на нормалните цени кои што ги имаше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…