Ковачевски: Економијата е на добар пат!
Јас сум човек кој работи и го остварува ветеното, со јасен план и добро менаџирање нема недостижна цел, истакна денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
– Со одговорно работење и два пакета антикризни мерки вредни 760 милиони евра го заштитивме стандардот на граѓаните, ги зачувавме работните места и ги поддржавме компаниите да се развиваат и во време на криза. Ветив дека никој нема да биде оставен сам и тоа и се остварува.
Одговорно се однесуваме со парите на граѓаните и затоа има за сѐ. Затоа имаме и за повисоки плати и пензии, имаме за земјоделците, за самохраните родители, за најранливите. Затоа има за субвенционирана струја, за евтина струја за прехранбената индустрија поради што и се намали цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Затоа има евтина струја за училиштата, децата мора да се во училишните клупи.
Економијата е на добар пат, а ќе работиме напорно за догодина да биде подобро, истакна Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…