Ковачевски: Жените ќе бидат минимум 50 отсто застапени на пратеничките листи

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека во СДСМ веќе е завршена постапката на предлагање на кандидати за пратеници. Во моментов се водат разговори со коалициските партнери за распределбата на пратеничките места и во рамки на партијата се врши селекција на кандидатите. Тој дополни дека и во идниот состав на СДСМ во собранието ќе има минимум 50 отсто жени пратеници.

„Ние и сега имаме повеќе пратенички жени во Собранието во пратеничката група, отколку мажи. Така што, минимумот од 50 отсто сигурно ќе биде застапен на пратеничките листи, може ќе биде повеќе од 50 отсто, но сигурно нема да биде помалку“, рече Ковачевски.

Од општинските организации предложени се околу 1000 кандидати, вели Ковачевски, од кои 700 имаат поднесено свои кандидатури со целата потребна документација. И посочи дека за две недели ќе се знаат комплетните листи за пратеници.

„Ние веќе имаме одлука за закажување на два конгреси, едниот веќе се одржа за номинирање на претседателски кандидат, господинот претседател на Македонија, Стево Пендаровски уште еднаш ја доби поддршката од СДСМ и според одлуката на ЦО и роковникот и правилниците, точниот датум и местото на одржување на Конгресот, исто како и претходниот ќе биде закажано од страна на секретарот кој што е задолжен во координација со раководството и ИО по завршување на сите процедурални работи, во однос на кандидирањето и селекцијата на кандидатите“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…