Ковачевски за Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Ова треба да биде држава на сите

t

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, исклучително ми е драго што денес разговаравме за визијата и приоритетите кои ќе се основа за Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година. Јас прво како човек, а потоа и како прв човек на Владата се залагам за еднаквост и недискриминација, за образование, пристап до социјални и здравствени услуги, за вработување, самостојно живеење, пристап до правда, политичко учество. И од овие принципи не отстапувам.

Никој нема да биде оставен сам. Оваа држава треба да е дом за сите, треба да обезбеди услови за сите. Лицата со попреченост се наши сограѓани и имаат право на еднакви можности за развој, имаат право да бидат вклучени во сите процеси. Затоа, денес, кога го одбележуваме овој значаен ден, ве уверувам дека оваа Влада и јас лично, ќе сториме сѐ што е во наша моќ за системски да ги решаваме проблемите и заедно со вас да обезбедиме подобар стандард, подобар живот, подобро утре за сите граѓани.

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, исклучително ми е драго што денес разговаравме за визијата и приоритетите кои ќе се основа за Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година. Јас прво како човек, а потоа и како прв човек на Владата се залагам за еднаквост и недискриминација, за образование, пристап до социјални и здравствени услуги, за вработување, самостојно живеење, пристап до правда, политичко учество. И од овие принципи не отстапувам, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски кој сподели фотографии од средбите со лицата со попреченост.

– Никој нема да биде оставен сам. Оваа држава треба да е дом за сите, треба да обезбеди услови за сите. Лицата со попреченост се наши сограѓани и имаат право на еднакви можности за развој, имаат право да бидат вклучени во сите процеси. Затоа, денес, кога го одбележуваме овој значаен ден, ве уверувам дека оваа Влада и јас лично, ќе сториме сѐ што е во наша моќ за системски да ги решаваме проблемите и заедно со вас да обезбедиме подобар стандард, подобар живот, подобро утре за сите граѓани, напиша Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…