Ковачевски за 11 Октомври: Нашите предци ја избраа страната на напредокот и прогресивното општество
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска со честитка објава на социјалните мрежи го честиташе Денот на народното востание – 11 Октомври.
„Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври.
Денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна, страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, на напредокот и конечно се изборија за слободарскиот идеал и мир.
Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни!
Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации.
Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред! Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината.
Да живее Денот на народното востание 11 Октомври, да живеат граѓаните, да живее Република Македонија!”, стои во објавата на ФБ страницата на премиерот Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија ќе ограниза самит за Западен Балкан…
Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…