Ковачевски и СДСМ ги злоупотребуваат лицата со попреченост за политички цели?!

t

Ковачевски и СДСМ ги злоупотребуваат лицата со попреченост за политички цели, велат од Левица.

– Во ек на засилени партиски активности, како во предизборна кампања, СДСМ предводена од нелегитимниот премиер Ковачевски, не бира средства и начини, како своето непродуктивно и штетно владеење, да го прикаже сосема спротивно од тоа што е.

Владата предвоена СДСМ која што одби средба со родителите на деца со попреченост кои пред само неколку месеци протестираа барајќи ги своите права, не пропуштија можност да се сликаат со лице со попреченост на неодамнешната партиска трибина.

Непоимливо е зошто партија која што е на власт, која што располага со средства и има реални можности да ги креира политиките во сите сфери во општеството, наместо да работи за нивно подобрување, се служи со маркетиншки трикови, притоа свесно манипилирајќи со чувствата на обичните луѓе.

Го потсетуваме премиерот Ковачевски дека паричниот додаток кој го земаат лицата со Даунов синдром повозрасни од 26 години изнесува 4.711 денари, па наместо да ги злоупотребува овие лица за политички маркетинг, за промена нека го зголемат овој додаток кој со години е непроменет.

Очигледно е дека во одсуство на реални подобрувања, промени и резултати на Владата на СДСМ и Ковачевски не им преостанува ништо друго освен да играат на емотивната карта, но за среќа се поголем број на граѓани ја препознатваат оваа манипулација и затоа ќе бидат казнети на следните избори. – напишаа од Левица на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…