Ковачевски: Малкумина веруваа дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари

t

Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на правичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата.Изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на владата предводена од СДСМ, вели премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…