Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ и други албански партии

t

Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ не ја исклучува опцијата неговата партија да направи предизборна коалиција со албанските партии со кои би настапиле на редовните парламентарни избори во 2024 година и која би била европски концепт.

Во однос на конкретниот настап на парламентарните избори, тоа останува да биде дел од еден коалициски договор кој се прави врз основа на програма, усогласување на системот на вредности на повеќе партии, но ниту една опција не е исклучена во тој дел. Ако некој дал изјава за концептите во земјата, тоа сум јас. На една од трибините реков дека има два концепти. Едниот го предводи СДСМ и на тој концепт се приклучија и други партии како Алијанса за Албанците.

Вториот концепт се залага за изолација и блокада како што беше 11 години со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите и со ниту еден милиметар помрднување во европските интеграции. Тоа е она што го мисли и претседателот на ДУИ, Али Ахмети – истакна Ковачевски заборавајќи дека во периодот на изолација, како што смета тој, девет години дел од Владата беше и неговиот партнер Али Ахмети.

Во однос на изборниот настап, Ковачевски е убеден дека и претседателските и парламентарните избори ќе ги добие европската коалиција и концептот на СДСМ.

– На следните претседателски избори, кандидатот на европската коалиција и на политичките партии кои се залагаат за интеграција на Македонија во ЕУ ќе биде победнички кандидат, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која е за европска Македонија ќе ја формира следната влада во државата – потенцира Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: И по 8 мај, ќе докажеме…

„Денеска е 27 април, точно седум години…

Филипче: Јас никогаш не се откажувам, да…

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите,…

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме.…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…