Ковачевски: Носиме одлуки за студентите и кај нас да живеат во услови како нивните врсници во Германија, Австрија и во сите земји на ЕУ
Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студентскиот оброк, но се разговараше и за други аспекти на студентскиот стандард, пред се во делот на инфраструктурата во студентските домови, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
– Се договоривме со министерот за образование дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво, изјави Ковачевски кој присуствувал на средбата во Собранието со претставници на студентите, пратеници и со министерот Јетон Шаќири.
Ковачевски рече дека дијалогот бил конструктивен и дека студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, а Владата и пратениците, рече, се тука за тие ставови да ги слушнат и да разговараат со студентите за да се најде решение на задоволство на сите.
-Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи студентите се тие коишто се наши деца, и коишто се иднината на оваа држава, а за која иднина носиме одлуки да биде европска, да може да живеат во услови како што живеат нивните врсници и во Германија, и во Австрија, и во сите други земји на ЕУ, рече Ковачевски.
Ги запознал студентите и за снабдувањето со електрична енергија и дека во наредниот период министрите за економија и образование треба да ги утврдат потребите од потрошувачката и од додавање грејни тела во студенските домови.
– Студентските домови, најголемиот дел дури мислам, се на централното греење во градот Скопје. Ние обезбедивме централно греење во градот Скопје. Веќе се набавени и количини на енергенси до крајот на овој месец. Ги набавуваме со термински план којшто е пократкорочен заради движењето на цените на гасот, а доколку има потреба за догревање, тогаш секако МОН заедно со Министерството за економија ќе направи така како што направивме и за прехранбената индустрија, како што направивме за другите витални функции во дражвата, додаде Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Хорор во Србија: Десет деца повредени на…
Десет деца на возраст од осум и…
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…
Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…
Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…