Ковачевски: Платата порасна за 100%, секој работник заслужува да биде вреднуван

t

Премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител на прашањето за барањето на опозицијата и синдикатите за усогласување на останатите плати, како и минималната плата, оцени дека неодговорно е да се блокира држава во време на криза, додавајќи дека пристапот за решавање на ова прашање е ист како и за минималната плата, низ остварен отворен дијалог со претставниците на сите синдикати.

– Низ тој процес дојдовме до решение минималната плата да се зголеми на 18.000 денари. Сметам дека тоа е достоинствено во однос на граѓаните затоа што секој работник заслужува да биде вреднуван, јас сметам дека и тие 18.000 денари не се доволно но сепак ако ја погледнеме оваа Влада и нејзината политика, минималната плата кога СДСМ ја презеде Владата беше 9.000 денари, некои индустрии и под 9.000 денари – сега имаме зголемување за 100% на минималната плата – истакна Ковачевски.

Тој го цени решението за зголемување на минималната плата на 18.000 како најдобар доказ за економската политика која ја води оваа Влада, чија цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните и избегнување на трошење на средства во непродуктивни расходи, од кои никој нема никаков бенефит.

Подвлекувајќи дека со предложеното решение за минималната плата, во јавниот сектор 17.000 вработени ќе добијат зголемување на минималната плата на ново ниво од 18.000 денари, премиерот Ковачевски потсети дека во изминатите години оваа Влада ги покачи платите на голем број сектори во државата.

– Секое зголемување на платите треба да биде пропратено со зголемување на продуктивноста, со ефикасноста, а треба да бидеме свесни дека во јавната администрација е отпочнат процес на реформи, кои треба да ја зголемат ефикасноста на самиот јавен сектор, што ќе доведе нормално и до одредена корекција на платите која што повторувам, во минатиот период е правена во многу сектори – рече Ковачевски за Сител посочувајќи дека Владата ќе направи сѐ, достоинството на сите вработени во јавниот сектор да биде на ниво, кое што тие го заслужуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…