Од тој нечовек не барам извинување – Ковачевски откри дека по наредба на Мицкоски се правеле недолични видеа за неговата ќерка на Тик-Ток
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција, го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека по негова наредба биле правени недолични видеа за неговата малолетна ќерка на апликацијата Тик Ток минатата година.
„Има една работа која не сум ја кажал. Директно по негова наредба, за мојата малолетна ќерка во текот на месец јули минатата година кога се носеше францускиот предлог беа правени недолични видеа на апликацијата Тик Ток и јас за ова од таков нечовек не барам извинување“, рече премиерот.
Премиерот го обвини Мицкоски и дека наредил да се напаѓа неговата сопруга од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за реконструкција на Владата.
„Јас и моето семејство сме под директен напад, посебно мојата сопруга, и под директна наредба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од прв ден. До таква атмосфера дојде бидејќи ВМРО-ДПМНЕ немајќи никакви аргументи во расправата во Собранието за реконструкцијата на владата и со оглед на тоа дека нивниот претседател кажуваше дека имал 61 пратеник за да ја турне владата, а излезе дека владата има зголемено мнозинство од 65, па по негова наредба дискусиите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа исклучиво насочени против мојата сопруга иако тој знае за одредени здравствени предизвици кои мојата сопруга ги имаше и ги има“, рече Ковачевски.
Овие обвинувања кон Мицкоски, премиерот ги изнесе одговарајќи на новинарско прашање дали би ѝ се извинил уште еднаш на Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ за навреда наводно искажана на седница во Собранието.
Ковачевски и понатаму тврди дека погрешно бил разбран и пренесен, но оти сепак ѝ се јавил и на пратеничката и на претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да се извини доколку се почувствувале навредени.
„Во Собранието имаше дискусија која траеше повеќе од 10 дена. Јас тоа што го кажав од место го кажав и на говорница бидејќи веднаш после почитуваната пратеничка излегов на говорница. Веројатно кога зборувате од место со други колеги може да биде нешто протолкувано погрешено или различно од тоа што јас сум го кажал. Меѓутоа, со оглед дека пратеничката која ја почитувам сметаше дека сум кажал нешто ја навредило, јас телефонски и се јавив и ѝ се извинив доколку се нашла со што било навредена од тоа што го разбрала дека јас сум го кажал во разговор со други колешки во Собранието. Се јавив и на претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и тие имаа соопштение и кажав дека доколку нешто било разбрано на начин што ги навредил, се извинувам“, рече премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…