Ковачевски: Праќам јасна порака, сузбивањето на корупцијата е високо на владината агенда!
Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден за борба против корупцијата, праќам јасна порака, дека спречувањето и сузбивањето на корупцијата е високо на владината агенда, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
– Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните. Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во решавањето на ова крупно прашање.
Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата.
Како земја која ги има отпочнато преговорите со ЕУ, сите ние мора да ги удвоиме напорите и да се посветиме на решавањето на проблемот со корупција, бидејќи никој не смее да биде над законот, а граѓаните заслужуваат да живеаат во демократско општество со европски вредности и функционирање, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју…
„Тешко е да се опише колку е…
Американскиот новинар Исак Саул, основач на почитуваниот…
Маѓар и официјално е премиер на Унгарија:…
Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, кој се појави…
Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…
Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…
Потврдено обвинението за корупција за падот на…
Вишиот суд во Белград денес објави дека…