Ковачевски пресече: Клубовите кои нема да ги сменат имињата, нема да продолжат со својата работа

t

Клубовите кои нема да ги сменат своите имиња согласно нашиот Закон за здруженија и фондации кој е изгласан со апсолутно мнозинство, нема да продолжат со својата работа, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи го истекувањето на законскиот рок во кој двата бугарски клуба, „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола, треба да поднесат барање за промена на имињата.

„Сите имаа време да ги усогласат имињата согласно новиот Закон. Тие кои го направиле тоа, ќе продолжат да работат, другите нема. Еден клуб, како што разбрав, поднел барање до Централен регистар за промена на името. Штом тоа ќе го направат, ќе продолжат со работа, бидејќи културните клубови треба да бидат места кои ги зближуваат граѓаните, а не да бидат места коишто со своите имиња или на друг начин будат негативни чувства и ги разединуваат граѓаните и народите во соседството. Законот ќе биде спроведен во целост како и сите други закони“, дециден беше Ковачевски.

Како што објавивме вчера, бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид поднело барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените на Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, пак, сè уште немаат доставено барање за измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…