Ковачевски: Просечна плата од 1.100 евра и пензија од 500 евра до 2028 година
Ние во СДСМ имаме јасна визија, одиме кон Европа и нема откажување од иднината, порача претседателот на СДСМ на вечерашниот партиски Конгрес, претставувајќи ги основните столбови во нивната програма.
-Прво – европски плати. Во наредните 4 години просечната плата ќе достигне 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра, или 37.000 денари. И минатиот пат, кога зборувавем колкава ќе биде просечната и минималната плата имаше многу луѓе кои не веруваа, но го остваривме и надминавме ветувањето. Второ, достоинствен живот на пензионерите, во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари, плус од ова година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет по 100 евра за секој пензионер во државава- рече Ковачевски на вечерашниот Конгрес на СДСМ.
Во однос на поддршката на младите, Ковачевски вети дека новата вада на СДСМ би обезбедила по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработувње на младите до 26 година.
Во контекст на силна домашна економија, СДСМ ветува 180 милиони евра директна помош на компаниите за инвестиции во производството. Предвидени се и 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Во инфрастрктурни проекти за наредните 4 години се предвидени 2,7 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…