Ковачевски разговарал со Блинкен: Приоритет на САД е Македонија да започне преговори за членство во ЕУ

t

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва имаше телефонски разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, при што изрази благодарност до САД за поддршката за нашата држава во евроинтегративниот процес, но и го поздравил апелот на САД дека е потребно негово забрзување со отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски во телефонскиот разговор потенцирал дека нема време за губење и дека секое натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко да ја отвори вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот.

Премиерот ја изразил благодарноста на народот и на Владата за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи.

Како што соопштија од Владата, Ковачевски за стратешкото партнерство со САД посочил дека е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО. Членството во алијансата, истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Блинкен е огромна привилегија и одговорност.

Премиерот ја осудил руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право, ја реафирмира цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја поздравија брзата, обединета и решителна реакција на меѓународната заедница.

За време на разговорот Ковачевски и Блинкен изразиле задоволство од усогласеноста и ефикасната координација на НАТО и ЕУ во санкционирањето на Русија, како и во организирањето на ефикасна поддршка за Украина кон која се приклучи и нашата земја, се наведува во соопштението на Владата.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен од своја страна во разговорот со премиерот Ковачевски потврдил дека САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан.

Со силната поддршка на САД за почеток на пристапните преговори за Македонија Блинкен ја поздравил новата динамика на дијалогот со Бугарија и изрази надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен потенцирал дека поддршката на Вашингтон доаѓа од целосната посветеност на Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО.

Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со премиерот Ковачевски потенцирал дека САД и Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која нè прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Протекоа информации за тоа што им кажал…

Борбите не можат да траат со месеци,…

Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…

 Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…