Ковачевски: Референдумот предложен од опозицијата е за нивна внатрешно-партиска употреба

t

Димитар Ковачевски смета дека прашањето за референдум што го отвора опозицијата е само за нивна внатрешно-партиска употреба и оти политиката која ја водат на, како што рече, штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните.

„Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот кон своите европски интеграции. Во таа одлука учествуваа пратеници од политички партии кои застапуваат наширок круг граѓани во државата без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Оваа држава ќе оди на патот на европските интеграции, и што и да правите нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток“, рече Ковачевски во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Во однос на прашањето поврзано со францускиот предлог, тој истакна дека по неговото прифаќање станало јасно дека земјава ја одржа прва меѓувладина конференција, второ оти македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и дека затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренале рака „за“, како и дека паднале во вода сите невистини кои ги ширела опозицијата.

Тој им порача на пратениците од опозицијата дека треба да се срамат од она што го правеле на пленарната седницата на која се гласаше за заклучоците за преговарачката рамка на Европската Унија и оти секогаш беагаат во клучни моменти и не гласаат за стратешки прашања за државата.

„Ако некоја партија беше против членство во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некој беше против релаксирање на меѓуетничките односи тоа беше вашата партија, ако некој е против членство во ЕУ тоа е вашата партија, истакна Ковачевски, додавајќи дека државата ќе продолжи по европскиот пат без разлика на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…