Ковачевски се пофали: Предвреме го исполнивме ветувањето за просечната плата
Ветувањето за просечна плата од над 34.000 денари до 2024 година, го остваривме речиси една година порано, напиша на својот фејсбук профил премиeрот на Македонија, Димитар Ковачевски.
„Според најновите податоци таа изнесува 34.364 денари во декември 2022 година, што е покачување за 4.421 денари или за 14,8% во период од само една година. Ова е резултат на позитивните мерки и политики кои ги спроведува оваа Влада. Сето ова го направивме возможно во услови на голема глобална криза“, пишува премиерот.
„Продолжуваме и понатаму, овозможуваме раст и развој на економијата и го подобруваме животниот стандард на граѓаните“, вели Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…
260.000 од 530.000 работници се со плата…
(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…