Ковачевски се сретна со финската премиерка: Македонија дава поддршка за пристапување на Финска во НАТО

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја пречека премиерката на Финска Сана Марин.

Од Владата информираа дека во фокусот на средбата меѓу Ковачевски и Марин била поддршката што Финска ја добива во процесот за пристапување на оваа земја во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Македонија за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски, додаваат од Владата, за време на разговорот со премиерката Марин истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-Атлантскиот Регион, особено регионот на Високиот Север и Балтикот.

„Премиерите Ковачевски и Марин споделија согласност дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Македонија со ЕУ без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…