Ковачевски убеден: СДСМ ќе победи и ќе формира Влада кога и да бидат изборите

t

„За СДСМ, најголемата политичка партија во државата, воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни, бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на избори и која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година,“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека се разговара помеѓу коалиционите партнери за модалитетот на изборите, но јасно е дека во земјава се издвојуваат два концепта, од кои едниот е европски, составен од коалиционите партнери во сегашната влада.

„Сметам дека ова коалиција ќе биде договорена за следните избори и тоа ќе биде победничката коалиција која што ќе ја внесе државата во ЕУ. Јас тоа ви го кажав и на почетокот на овој мандат, ние ќе имаме техничка влада нормално како е препишано со закон, бидејќи тоа е законско решение на 100 дена пред изборите, меѓутоа после изборите јас повторно ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на влада кој што ќе предводи влада која што ќе ја внесе државата во ЕУ,“ рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…