Ковачевски: Цената на млекото и лебот намалена за 2 до 3 денари

t

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска порача дека веќе се видливи резултатите од субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи.

-Намалување на цената на млекото од 76 денари на 74 денари, на маслото од сончоглед од 165, 167 денари на 112 денари, а цената на месните преработки е намалена во просек од 4 до 8 проценти. Генерално, се констатира дека производителите, увозниците и трговците на мало и големо се придржуваат на највисоката утврдена маржа од 5% и 10% на производите наведени во Одлуката. За време на контролите, утврдено е дека намалувањето на продажната цена во продажните објекти е резултат на намалувањето на цената на гореспоменатите производи од страна на производителите соодветно“, рече премиерот.

Ковачевски посочи дека согласно извршените инспекциски надзори месецов, во големите ланци на маркети, коишто вршат трговија на мало, констатирано е дека цената на лебот се движи од 42 денара до 49 денари во зависност од грамажата и производителот, односно утврдено е намалување од 2 до 3 денари; дека сончогледово масло за јадење се продава по цени од 97 денари до 104 денари за пакувања од 1 литар и 905 милилитри во зависност од производителите, односно утврдено е намалување на цената од 2 до 5 денари; дека брашното од еден производител е намалена за 4 денари и во моментот изнесува 40 денари за килограм.

„Од страна на одредени производители на останатите производи наведени во Одлуката, доставени се известувања до продажните објекти за намалување на цените во наредниот период. Намалувањето на цените ќе се изврши по продажба на одредена количина на залихи коишто веќе се набавени од страна на продажните објекти, по повисока цена во претходниот период“, рече премиерот како одговор на пратеничко прашање.

Претседателот на Владата, Ковачевски, објасни дека цените на прехранбените производи се резултат на инфлацијата на глобално ниво, што се случува во услови на исклучително тешка економска и енергетска криза на целиот европски континент, предизвикани од воени дејствија, а со стапки од 10 и повеќе проценти. Поттикната е од два фактора, посочи премиерот: дизбаланс во економијата, поради тоа што во пандемијата побарувачката и производството беа намалени – и од исклучително ниски стапки на инфлација, сега е обратно, зголемена е побарувачката, а е мала понудата, што резултира со високи цени. И, втората причина е војната во Украина, кадешто се произведува 35 проценти од житото во Европа и нарушените канали на снабдување на гас и сите производи коишто се произведуваат од гас, како што се вештачките ѓубрива – коишто влијаат на цената на храната, електричната енергија, како инпут во сите други производи и зголемувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, коишто влегуваат како инпут во производствените и услужните процеси, што влијае на енормно зголемување на инфлацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…

Паднаа цените на нафтата

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа…