Ковачевски ја известил Брнз дека штом стане премиер, веднаш ќе го покани Петков на средба

t

Штом стане премиер Димитар Ковачевски ќе го покани новиот бугарски премиер, Кирил Петков, да ја посети Македонија. Новиот лидер на СДСМ утрово ова и го соопштил на американската амбсадорка, Кејт Мери Брнз, повторувајќи го ставот дека е потребно да се најде взаемно прифатливо решение со Бугарија за да се симне ветото за старт на преговорите со ЕУ, пренесува  ТВ Телма. Според Ковачевски, потребно е да се направи план за отстранување на блокадата.

За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение. Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања, рекол Ковачевски.

Во партиското соопштение по средбата на Ковачевски со Брнз пак нема детали на каков план реферирал Ковачевски, односно дали тој би го опфатил предлогот на бугарскиот премиер Петков за формирање на нови работни групи меѓу двете земји во неколку области или новиот лидер на социјалдемократите ќе и презентира на Софија свој план за надминување на ветото, вели Телма.

Во меѓувреме и бугарскиот премиер чека да се заокружи процесот на избор на нова влада во Македонија и потоа да се направи план за работа на работните групи кои тој ги предлага, а за кои бара уште во јануари да ја добијат својата структура.

Се очекува Ковачевски утре да го добие мандатот за формирање на новата влада од претседателот Стево Пендаровски. Ковачевски има рок од 20 дена да предложи нов владин кабинет по преземањето на функцијата, но се очекува тоа да го стори побрзо.

Откако Ковачевски го поднесе предлогот за новиот кабинет, Собранието има рок од 15 дена да расправа за него. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува овој термин да не се искористи максимално.

Промените во структурите на СДСМ ќе донесат промени и во владиниот кабинет. Многу од експонентите на владата во оставка повеќе не се очекува да бидат дел од неговиот иден состав, меѓу нив – Оливер Спасевски, Мила Царовска, Венко Филипче и Радмила Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Ковачевски: Бевме воздржани за резолуцијата за Газа…

Одлуката за гласање на Резолуцијата на ОН…

Ковачевски: Изборите ги распишува претседателот на Собранието…

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница…