Објавено на:

Ковачев предлага Албанија да почне преговори со ЕУ без Македонија

t

„Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаме исклучително добри односи на сите нивоа. Албанија нема пречки да ги започне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“. Вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев одговорил на прашањето дали Албанија може да биде пример за Македонија во односите со Бугарија.

Запрашан дали е логичен потег да ја направат оваа дистинкција и на Европа да ѝ кажат „Албанија нека се одвои од пакетот како кандидат од Македонија“, Ковачев одговорил:

„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив? Албанија треба веднаш по завршувањето на овој процес на ревизија на законодавството, најдоцна до крајот на годината, да ги започне вистинските преговори за членство во ЕУ. Ако дотогаш Македонија нема храброст да ја промени својата устав, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од самата држава“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуално“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…